Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело смета дека Јувентус има добри шанси да ја освои Лигата на шампионите.
Според него, оваа веројатност се зголемила по доаѓањето во екипата на Кристијано Роналдо.
– Ми се допаѓа италијанското првенство, силно е со богата историја. Јувентус беше близу до освојување на ЛШ. Но, да се победи во елитното натпреварување е многу тешко. Ова е цреша на тортата во животот на кој било играч. Со Кристијано Роналдо во тимот, шансите за Јувентус во Лигата на шампионите се зголемија, изјави Марсело за „Газета дело Спорт“.