Во напад на ноќен клуб во крајбрежниот мексикански град Коацакоалкос се убиени 23 лица, а 13 се повредени.
Напаѓачите влегле доцна синоќа и отвориле оган, при што загинале осум жени и 15 мажи.
Полицијата е во потрага по напаѓачите.
Според првичните информации, нападот почнал со експлозивна направа, а потоа продолжил од огнено оружје.
Во градот Коацакоалкос е активен нарко картелот Зетас.