Осмата експлозија на Шри Ланка е извршена од бомбаш самоубиец при што загинаа тројца полицајци, соопштија локалните власти.
Неименуван полициски службеник изјави дека лицето активирало експлозивна направа откако полицијата влегла во неговиот дом во северно предградие на Коломбо. Од експлозијата се урнал вториот кат на зградата и како резултат на тоа загинале полициските припадници.
Тоа е осма експлозија денеска на Шри Ланка при што загинаа над 190 луѓе, меѓу кои 35 странци, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Холандија.