Два пожара избувнале ноќеска во станови во скопските населби Автокоманда и Аеродром. Повредени нема, причинети се само материјални штети.
Како што информира командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Ѕвонко Томвески, едниот пожар се случил меѓу 3:15 и 4:40 часот во бања во стан на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ број 8/7 во Автокоманда.
Зафатени биле шест метри квадратни површина, а интервенирале шест пожарникари со две возила. Штетата се проценува на 50.000 денари.
Вториот пожар, предизвикан од машина за перење, бил околу 4:40 – 5:15 часот, во стан на улицата „Трета македонска бригада“ број 47.
За гаснењето биле испратени четири пожарникари со едно возило. Зафатени биле два метра квадратни, а штетата е околу 15.000 денари.