Кинеската економија наскоро ќе биде два до три пати поголема од онаа на Соединетите Американски Држави, според Илон Маск, американски претприемач и основач на SpaceX.

Тој истакна дека многу одамна беше времето кога САД беа најголемата економија во светот.

– Сега се приближуваме до ситуација кога кинеската економија би можела да биде два до три пати поголема од американската. Тоа е едноставно еден поинаков свет, рече Маск во интервју за видео-конференција, организирана од Вол Стрит Журнал.

Истовремено, Маск истакна дека производителот на електрични автомобили Тесла, чиј основач е тој, има добри односи со Кина.

– Не сакам да изгледам дека поддржувам сè што прави Кина, ниту ќе кажам дека поддржувам се што прави САД или која било друга земја. Генерално, мислам дека се движаме кон интересен и нов свет. Не треба да заборавиме дека сите сме луѓе, потенцираше Маск.