Милијардерот Илон Маск, кој потроши повеќе од 480 милиони долари за поддршка на републиканските кандидати на американските меѓуизбори, се пошегува на сметка на својот пораз.

„Чувствувам дека мешањето на моите вселенски ласери во изборите овој пат не успеа“, напиша на Х основачот и извршен директор на „СпејсИкс“, особено по поразот на Кен Пакстон, кандидатот кој го поддржа во трката за Сенатот во Тексас.

По убедливата победа на демократите во американскиот Конгрес, најбогатиот човек на светот е загрижен поради можното забавување на развојот на дата-центри посветени на вештачката интелигенција.

„Дата-центрите во вселената сега изгледаат особено атрактивно“, коментираше тој.