Денеска во Сарај учениците од ОУ „Коле Неделковски“ имаа есенска еднодневна екскурзија, каде се случил немил настан, односно настанала тепачка, оваа информација одекна по социјалните медиуми од страна на родители.
„Република“ побара став од Директорката на ОУ „Коле Неделковски“ Светлана Масларевска, која ни кажа дека нема потреба да се крева паника дека децата се добро. Имено според тоа што наставниците ѝ го пренеле на директорката, децата играле топка, па поради тоа и настанала кавгата. На местото каде што биле сместени децата од Центар имало и други дечиња од друго училиште, па меѓу себе си кажале и погрдни зборови.
Директорката за „Република“ открива дека на едното од децата му била удрена шлаканица, затоа веднаш биле известени родителите, односно таткото кој бил полицаец, кој рекол дека нема потреба од дополнителни интервенции и записници. Додека другото дете било удрено во грб, но не се жалело на болка и немало никакви последици.
Масларевска вели и дека децата цело време биле со обезбедување не биле сами воопшто, а кога настанал инцидентот била повикана и полиција за нивна безбедност. Учениците се вратиле во 14 часот од екскурзија, време кое било предвидено за нивно редовно враќање. Директорката вели дека ОУ „Коле Недлековски“ прв пат оди во Сарај на едноднева екскурзија и дека лично таа претходно била да го провери местото, на кое и други скопски училишта години наназад вршат еднодневна посета. Масларевска изјави дека очекува повеќе информации од своите вработени да дознае во текот на утрешниот ден.
Од СВР Скопје за „Републка“ велат дека кај нив настанот е пријавен телефонски во 10 часот денеска, дека физички е нападнато едно дете, ученик во ОУ Коле Неделковски кој бил на екскурзија во Сарај од страна на други малолетници. Се работи на расчистување на случајот.