Прво летно винско дружење, односно винско матине, на кое ќе се претстават македонските винарници денеска попладне ќе се одржи во скопскиот ресторан Воденица – Мулино во организација на Македонската асоцијација на сомелиери – МАСОМ.
– „Летно Вино“ или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се одржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Настанот има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина, велат од МАСОМ и додаваат дека посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица.
Најавуваат и неколку предавања со цел, како што велат, едукативно зацврстување на македонската винска сцена.