Еден од најмасовните политички собири одржан во последно време се случи вечерва пред Собранието на РМ каде илјадници граѓани протестираа против договорт кој Заев го склучи со Ципрас, како што вели Иванов, во негово лично име. За нив овој договор е предавство кое треба да се спречи.

До протетсот дојде по повик на навивачката група Комити, а имаше најава дека се приклучуваат и тетовските Војводи, што веројатнио беше причина и многу млади луѓе да се најдат на просторот пред законодавниот дом. За разлика од синоќа, кога по објавување на веста за договорот пред Собранието се собраа едвам стотина луѓе, овој протест од вечерва покажува дека граѓаните нема лесно да се помират со предавничкиот документ, но и дека им треба некој што ќе ги повика и мобилизира.

Комитите создадоа и добра атмосфера на митингот, иако остана впечатокот дека не ги употребија сите навивачки арсенали за кревање на емоциите кај присутните. Протестот помина во ред, освен неколку непотребни скандирања против Албанците, нешто што мора да се елиминира при евентуален иден собир за  да може без пречки да се оди кон целта на протестите.

Нема меѓутоа дилеми дека Комитите се покажаа како добар мобилизатор на луѓето и дека тие можат да направат спој меѓу младите и повозрасните кои често се жалат при вакви собири нема малди зашто „децата“ не ги интересира судбината на државата. Се покажа дека тоа не е точно.