Жестоки антиковид протести вечерва се случуваат и во главниот град на Хрватска Загреб.

Според проценките, се собрале над 15.000 демонстранти на главниот загребски плоштад, иако впечаток е дека бројот е многу поголем.

Биле нападнати и новинарски екипи додека известувале за протестите.

Вечерва дел од демонстрантите се упатиле кон зградата на ХРТ во Присавље по завршувањето на протестот против потврдите за ковид на главниот плоштад во Загреб.

Демонстрантите пред ХРТ ги пречека интервентната полиција која им го блокирала влезот во зградата, а демонстрантите почнале да скандираат: „Застанете со нас“

Сепак, протестот, според досегашните медиумски извештаи, поминал без поголеми инциденти. Истиот претходно не бил пријавен во полицијата, но оттаму посочиле дека ќе бидат присутни за да го зачуваат јавниот ред и мир.