Центарот на Лајпциг денеска и вечерва е полн со демонстранти, како и со полиција, поради протестите против новите мерки и прописи на државата против корона вирусот, а со кои на Владата и се овозможува да носи мерки и без парламентот.
Германците се нездоволни зашто во средата во Бундестагот беше донесен нов сет на мерки со кои се ограичува слободата на движење и права на граѓаните, како и одобрение на Валдата да носи одреден тип мерки без одобрение на парламентот.
Како што пренесуваат медиумите, на протестите од 8 ноеври во Лајпциг присуствувале околу 40 000 лица, но властите се плашат дека вечерва може да има многу повеќе луѓе. па затоа полицијата обучена за разбивање на демонстрации е под целосна опрема.
Во Гермнаија во моментов речиси се е затворено поради новиот бран на вирусот, а според новите прописи и на отворено луѓето мора да држат дистанца и да носат маски.
Во Германија, според последниот извештај, за 24 часа се регистрирани 7 728 позитивни на корона вирусот и 78 починати.
На милион жители, Германија има 169 починати и 10 840 заразени.
Ние во Македонија би биле среќни со вакви бројки бидејќи во „се е под контрола“ состојбата имаме 702 починати на милион жители, односно 4,5 пати повеќе и 26 200 заразени на милион жители односно 2,5 пати повеќе отколку Германија.