Нигериската Влада синоќа соопшти дека се случило уште едно масовно киднапирање на жени, овој пат од универзитет во северозападниот дел на земјата.

Владиниот портпарол Бала Идрис го потврди злосторството што се случило на универзитетот во државата Замфара, додавајќи дека шест жени биле спасени од армијата. Тој не откри колку вкупно биле киднапирани.

Војниците неутрализираа „десетици“ киднапери и „активно работат соцел да обезбедат безбедно спасување на сите жртви“, рече Идрис.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку 24 жени биле киднапирани во раните утрински часови во петокот во Гусау, главниот град на Замфара.

Масовните киднапирања од образовните институции се чести во северна Нигерија.

Најлошиот случај се случи во април 2014 година, кога џихадистите од Боко Харам киднапираа 276 девојчиња од средно училиште во Чибок. По повеќе од стотина од нив се уште се трага.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за последното киднапирање.