Маж, кој починал за време на богослужба во црква, бил вратен од мртвите на чудесен начин.
Џеј Брент од Тексас, починал за време на црковната служба во црквата „Троица“ додека седел покрај неговата сопруга Чонда.
-Го погледнав и видов дека погледот му е „рамен “- се сеќава Чонда. „Само така би можела да го опишам“.
Членовите на црквата се молеле за чудо, а пасторот побарал лекарска помош. „Само клекнав покрај него и почнав да се молам“, вели Чонда. „Тоа е единственото нешто што го знаев. Само го молев Господ да не го земе“.
За среќа на службата бил и болничарот Џарет Ворен, откако пасторот повика на помош, се упатил кон Џеј и Чонда.
„Тогаш го погледнав Џеј и видов дека тој веќе не е со нас“, се сеќава Џарет. „Немаше пулс. Не дишеше ниту издишуваше, не дишеше. Тој беше мртов“.
Го повлекол мртвото тело на Џеј надолу кон подот и се обидел да го спаси, но пред да започне со оживување, Господ го вратил Џеј во живот.
„Само почна длабоко да дише и ги отвори очите“, раскажува Џарет.
Медицинската наука не може да објасни што точно се случило со Џеј. Тој бил кај неколку лекари и поминал на повеќе тестови, но не добил задоволителни одговори. Дури и Џарет Ворен знае дека не го оживеал, но дека раката Божја го вратила од мртвите.
„Тоа е божествена интервенција“, рече тој. „Господ делуваше, јас верувам во тоа со сето мое срце. Всушност, тоа само така можам да го објаснам “.
Џеј вели дека отсекогаш бил верник, но враќањето од мртви му дало нова сила во верата. Тој знае дека Бог е Бог на чуда, но да се доживее тоа од прва рака е нешто сосема друго!
„Едноставно знам дека Бог може да ги врати луѓето од мртвите, но тој од мртвите ме врати токму мене“, вели Џеј. „Ме запрепасти“.