Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе постигна два гола синоќа на натпреварот од 26. коло на францускиот шампионат против Сент Етјен (3:1). За 23-годишниот Французин ова беа 155. и 156-от гол за парижаните по што стана втор стрелец на клубот израмнувајќи се со Златан Ибрахимовиќ. Единсон Кавани е на првото место со 200 гола.
Мбапе оваа сезона одигра 33 натпревари за Пари Сен-Жермен, постигнувајќи 22 гола и 16 асистенции.
Тој вели дека ќе се обиде да го надмине Кавани на листата на најдобри стрелци.
– Ги знаеме заслугите на Ибра, тој е симбол на клубот. Но, Кавани е напред, да видиме што ќе биде понатаму. Ако нема проблеми, ќе се обидам да го претекнам. Титулата најдобар стрелец во историјата на ПСЖ не може да се занемари“, изјави Мбапе за „L’Equipe“.
Неизвесно е дали Мбапе ќе го достигне Кавани, бидејќи беше објавено дека по завршување на сезоната фудбалерот ќе го напушти ПСЖ и ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.