Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе не се согласува со оние кои сметаат дека нивото на шампионатот на Франција не е доволно високо.

Според 19-годишниот талентиран фудбалер, доказ за квалитетот на Лига 1 се многуте млади играчи кои направија трансфер во силни европски екипи.

– Многумина велат дека нивото на лигата не е многу добро. Не се согласувам со таквата констатација. Многу млади играчи кои се преселија во водечки европски клубови претходно играа во Лига 1, нагласува Мбапе.

Во Францускиот фудбалски шампионат во последните неколку сезони настапуваат големи фудбалски имиња, меѓу нив и Бразилецот Нејмар кој во 2017 година дојде од Барселона во рекорден трансфер од 222 милиони евра.