Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, вината за слабите резултати на клубот не ја гледа само кај еден човек. Тој побара да не биде критикуван само тренерот Жозе Мурињо, туку одговорноста да ја понесат и фудбалерите.

– Тешка е ситуацијата во Манчестер Јунајтед. Знам дека Мурињо е сериозно критикуван. Но, и играчите мора да ги кренат главите. Самите тие треба да бидат подобри. Тренерот може да направи многу, но колективната игра ја создаваат самите играчи. Напад врз Хозе е најлесниот начин да се избегне одговорноста. Некои фудбалери треба да се самокритични, истакнува Руни.

Тој направи споредба на тимот со времето кога тренер беше Луј Ван Гал.

– Се сеќавам колку многу тогаш беше критикуван Ван Гал. Им реков на играчите дека и самите треба да играме подобро. Лично, мислам дека Ван Гал брилијантно ни организираше тактички, но ние не покажавме ништо на теренот, додаде Руни.