МВР информира дека е приведен 47-годишен маж од Пробиштип, кој си ја силувал сопругата.
- На 13.11.2023 во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип лишиле од слобода 47-годишен маж од Пробиштип, постапувајќи по пријава дека извршил обљуба врз неговата 38-годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.