Звучи неверојатно, но е вистинито. Обично животните ги гризнуваат луѓето, а не обратно. Но, и тоа се случува …

Во овој случај, човек и го гризнал јазикот на мечката додека се борел за живот.

Тројца пријатели подготвувале ручек со оган на камп и собраче рогови од елени во шумата во областа на природниот резерват Кутински, кога еден од нив наишол на мечка.

Почнал гласно да вика за да го одврати од нападот, но животното сепак го нападнало.

Исплашениот човек, борејќи се со мечката, одлучил да направи нешто во самоодбрана. Ја гризнал мечката за јазикот и откинал еден дел.

Големата мечка, потоа, веднаш го пуштила и избегала во шумата. Повредениот Русин, откако се спасил, успеал некако да ги повика своите пријатели, кои потоа повикале брза помош.

Јунакот на оваа необична приказна е сместен во болница со повреди на лицето, главата, рацете и стомакот.

Автентичноста на оваа вест е потврдена од страна на портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Руската Република Тува во јужниот дел на Сибир.