Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, изјави дека Европската унија продолжува да и помага на Украина во воена и финансиска смисла и дека ситуацијата на Блискиот Исток не треба да го оттргне вниманието од Украина, бидејќи тоа ќе му се допадне на рускиот претседател Владимир Путин.
Кога пристигна на самитот на Европскиот совет во Брисел, таа рече дека е важно да се дозволи испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа и повика на безусловно ослободување на сите затвореници.
„Хамас мора да се запре“, рече Мецола.
Зборувајќи за политиката на Европската унија кон мигрантите, таа изјави дека ЕУ ќе најде компромис за да го финализира својот миграциски пакт пред крајот на мандатот на овој Европски парламент.
Таа, сепак, додаде дека има уште многу работа, особено во однос на враќањето на мигрантите во нивните земји на потекло.
„Последните неколку дена ни покажаа дека има одредени дупки“, рече Мецола, алудирајќи на неодамнешниот терористички напад во Брисел што го изврши мигрант од Тунис.