Брачен пар од Ирска бил на меден месец во Грција и се нашол среде хоророт со пламените јазици.

Се венчале минатиот четврток, а сега судбината најлошо си поиграла со нив.

Кога почнал пожарот, парот почнал да бега од хотелот каде бил сместен, со автомобил.

-Беше ужасно пламенот беснееше од две страни, а тие влегоа во колата, вели сведок.

По пат се случи трагедија. Девојката е во болница со тешки изгореници и повреди, мажот е исчезнат.