Јанис Бутарис врти лист и го менува личниот живот. Градоначалникот на Солун на возраст од 76 години влегува во партнерство со многу помладата од него саканата Марија, пишува Ефемерида повикувајќи се на репортажа на новинарод Тессњуз.
За Бутарис тоа и не е вест, познат е неговиот рокерски стил на живот, надвор е од сите клишеа. Впрочем и неговата бивша сопруга, Австријката Габриела Зибер, била 13 години помлада.
Но вистинската вест е каде Јаниси Марија ќе живеат?
Откако пред повеќе од две години се разведе од Габриела, Јанис стапил во љубовна врска со младата и убава Марија, за која Ефемерида пишува дека во живо изгледа помладо и поубаво отколку на слики. Тие двајца се селат во апартман во Солун во пешачката зона кај „Света Софија“. Апартманот е голем 170 квадратни мети и е сопственост „на некој од Скопје“. Тој некој, како што објавува Ефемерида, е скопски бизнисмен, инаку партнер на премиерот Зоран Заев.
Инаку, партнерка на Бутарис е Марија Јоаниду, многу помлада од солунскиот градоначалник и е активна во бизнисот со накит.
Магазинот Риал лајф пишува дека двајцата како пар се многу згодни, излегуваат на вино и на вечери во ресторани и не ја кријат взаемната љубов и почитување.
А скокотливата тема- чиј е станот за сега останува загатка.