Кружат информции дека на денешниот протест ќе има инфилтрирани провокатори со фантомки, кои имаат за цел да ја нападнат полицијата и да предизвикаат немири, предупредуваат Млади за Македонија, кои се организатори на вечерашниот голем сенароден македонски протест пред Собранието на Република Македонија во Скопје.

Целта, како што се вели во нивното преупредување, е провокаторите да нанесат штета на одбраната на името.

– Ве повикувме сите вие на секој оној кој има фантомка да му ја отстраните фантомката и истото лице да го предадете на полицијата. Исто така, со мобилните камери снимајте ги сите лица кои се провокатори, важно е да биде отстранета фантомката за да се знае кој ги прави провокациите. Сите кои доаѓаат со фантомки се дојдени за да направат инцидент и затоа не смее да се дозволи луѓе со фантомки воопшто да бидат присутни на протестот, предупредуваат организаторите.

Тие додаваат дека полицајците се наши браќа кои го даваат животот за нашата татковина Македонија.

– По никоја цена не смее да се дозволи напади на полицијата, а ние се оградуваме од секаков вид на насилство. Ве повикуваме сите вие да се воздржете од насилство и да превенирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид на насилство, говор на омраза или недолично однесување, се нагласува во предупредувањето.