Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се уште нема преземено никакви чекори за обновување на односите со Русија и ние треба да бидеме трпеливи, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев во интервју за руската телевизија.

– Ако сакаат да преземат некои чекори, ќе ги направат. Соопштенијата што доаѓаат од Киев се многу контрадикторни. Меѓутоа, сé уште не сме виделе никакви дела. Да бидеме трпеливи. На крај, сето тоа се однесува на новиот претседател, на новите власти, рече Медведев.

Во врска со реториката на новата власт во Киев во однос на Русија, Медведев одговори дека не забележал ништо ново.