Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, кандидатурата на Украина за влез во НАТО ја опиша како „барање на Киев да се забрза почетокот на Третата светска војна“, пренесе ТАСС, цитирајќи ја изјавата на поранешниот руски претседател објавена на Телеграм, јави БТА.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака брзо да се приклучи на НАТО. Прекрасна идеја. Тој едноставно ја моли Северноатлантската алијанса да го забрза почетокот на Третата светска војна“, напиша Медведев.

Во исто време, Медведев изрази жалење за изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека не го признава пристапувањето на нови територии кон Русија.

„Дури е чудно што се сети на нас. Сепак, штета. Можевме да најдеме добро место да отвориме американски конзулат во новите субјекти на Руската Федерација“, иронично забележа Медведев.