Јапонскиот премиер го посети Вашингтон со цел да го зајакне сојузот меѓу Јапонија и САД наспроти зголемените предизвици од Кина, а исто така предупреди дека Русија не смее да користи нуклеарно оружје во Украина.

„Силно се спротивставуваме на какви било еднострани обиди за промена на статус кво со сила или принуда, каде било во светот“, се вели во заедничката изјава.

– Ова е толку монструозен срам што нема ни да ја коментирам паранојата околу нуклеарните планови на нашата земја. Размислете за тоа. Шефот на јапонската влада во понижувачки, лојален занес исфрла глупости за Русија. Тој го предаде споменот на стотиците илјадници Јапонци кои загинаа во нуклеарниот напад на Хирошима и Нагасаки, напиша Медведев на Телеграм.

Тој исто така рече дека Кишида е „само слуга“ на Американците и дека „слугите не можат да бидат храбри“.

– Можеме само да жалиме за Јапонците. На крајот на краиштата, таквиот срам може да се измие само со извршување на сепуку (харакири) веднаш на следната седница на нивната влада. Иако концептот на чест кај оваа генерација јапонски вазали не е вообичаен, објави Медведев.

Сепуку е ритуално самоубиство на припадниците на јапонската класа на воини и благородници, кај нас попознат под името харакири.