Поради расплетот на настаните, Украина како држава може да исчезне од светската карта, напиша денеска на Телеграм, заменик – претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
– По државниот удар во 2014 година, Украина ја изгуби независноста на државата и падна под директна контрола на колективниот Запад, а почна да верува и дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност. Како резултат на сите моментални настани, Украина би можела да го изгуби и тоа што остана од нејзиниот државен суверенитет и да исчезне од светската карта, смета Медведев.
Тој нагласи и дека украински криминалци дефинитивно ќе бидат кривично гонети за злосторства извршени над народот на Украина и на Русија.