Меган и Хари и официјално се прогласени за „губитници на годината“

/ 13.12.2023

Крајот на годината е секогаш време за сумирање на сѐ што се случувало во неа, а на тој начин се објавуваат најавите за најдобра личност на годината, но и за најголемиот неуспех.

Првата титула ѝ припадна на Тејлор Свифт и тоа го изненади целиот свет, а втората ја доби згодната двојка – Меган Маркл и принцот Хари.

Тие со години ја интригираа јавноста и ги пополнија насловните страници на таблоидите. Поранешните миленици на светот од титулата „бунтовник и модерна Пепелашка“, благодарение на непромислените потези, отидоа до титулата „најголеми губитници“ што им ја додели „Холивуд репортер“.

– Во 2020 година, кралското дуо избега од церемонијална јавна служба за да го заработи статусот на славна личност во Соединетите држави. Но, по несреќниот документарец на „Нетфликс“, ужасната автобиографија на принцот и инертниот подкаст, брендот што го градеа се претвори во „балон што требаше да пукне“, а нивните соработници почнаа да ги нарекуваат „измамници“ – беше објаснето во магазинот „Hollywood Reporter“, а веста ја пренесува „GBnews“.


Од истата категорија