Boys In The Boat е најновиот филм под режисерската палка на Џорџ Клуни.

Тоа е инспиративна вистинска приказна за веслачкиот тим на Универзитетот во Вашингтон, кој против сите прогнози победи на Летните олимписки игри во Берлин во 1936 година. Филмот е адаптиран според бестселерот на Даниел Џејмс Браун, моќен роман за група аутсајдери кои надминале неверојатни шанси и го постигнале невозможното.

Животното искуство на Клуни му помогнало да го разбере духот на книгата и лично да се поврзе со приказната. Имено, познатиот актер израснал на скромната тутунска фарма на неговите баба и дедо во Кентаки. Заработил џепарлак со сечење тутун, откри на неодамнешната премиера на филмот во Лос Анџелес.

“Бев тутунски фармер. Сечав тутун за 3,30 долари на час”, признал Клуни за Vanity Fair и продолжил: “Сечењето тутун не е најлесната работа, но не е еднакво на она што го правеа веслачите во филмот. Влогот беше голем за нив. Тие работеа навистина напорно. Веслаа затоа што тоа беше единствениот начин да се остане на факултет“.

Спортската драма на Клуни се центрира околу ликот на Калум Тарнер, Џо Ранц, сиромашен млад човек напуштен од неговиот татко и маќеа. Тој добива место во веслачкиот тим на неговиот универзитет и им се придружува на осум други момци со различни животни искуства кои на крајот формираат нераскинлива врска.

„Се поврзав со приказната главно затоа што ми се допадна идејата луѓето да се борат да најдат начин да преживеат. Темата на филмот се издигнува над сите неволји и силата на заедништвото. Кога се поддржуваме едни со други, на сите им е подобро и ќе ви биде подобро на крајот“, заклучува Клуни.

Филмот треба да почне да се прикажува во кината на самиот Божиќ, а трејлерот погледнете го подолу.