Британската премиерка Тереза Меј објави денеска планови за фонд од 1,6 милијарди фунти за помош за економски раст на општини што го поддржуваат напуштањето на Евреопската унија.

Фондот „За посилни градови“ е прифатен од многумина како дел од напорите на Меј да добие поддршка за зделката за брегзит од опозициските лабуристи кои претставуваат главно региони во Северна Англија и кои поддржаа масовно напшуштање на ЕУ.

Со фондот ќе се отвораат работни места, квалификации на невработени и вработени лица и за економска активност на областите.

Од Лабуристичката партија го коменитраа тој фонд како „поткуп за брегзит“.