Во Италија вчера се случи државен удар, пишува хрватскиот портал „Логично“, откако претседателот на државата Серџо Матарела, во согласност со Брисел, Европската централна банка и ММФ, одби да го потврди изборот на министерот за финансии, Паоло Савоне, во новата италијанска влада, која ја сочинуваат евроскептичните Северна лига и Движењето пет ѕвезди, кои победија на минатите избори.

Проблем е што кандидатот за министер за финансии е евроскептичен, повеќе пати со своите изјави и трудови го нападнал еврото и тврди дека заедничката европска валута го поткопува суверенитетот на Италија.

По оваа одлука на претседателот на Италија, несудениот премиер Џузепе Конте му го врати мандатот на претседателот, иако е кандидат на победничката коалиција за која гласаа мнозинството Италијанци.

Никаде, според „Логично“, во Уставот на Италија, ниту во било кој закон стои дека претседателот има право да одбие да се формира влада која има поддршка од мнозинството избирачи, ако не му се допаѓа некој од министрите, во овој случај министерот за финансии.

Според највројатното сценарио кое го предвидува порталот, Италија ќе добие технократска влада која ќе ја води Карло Котарели, избран од ММФ и потврден од Матарела.

Изборот на Матерела да формира техничка влада, претставува нова фаза на демократијата која според „Логично“ ја водат финансиските елити за „добробит на народот“.