Лидерот на левичарската коалиција Нов народен фронт, Жан-Лук Меланшон, кој води на парламентарните избори во Франција, синоќа изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон мора да го признае поразот.
Според него Макрон има должност да ја повика нивната коалиција да формира влада, а премиерот на Франција, Габриел Атал мора да ја напушти функцијата.
Францускиот лидер Емануел Макрон пак одлучи по изборите да не и се обрати на нацијата, пренесува „Фигаро“ повикувајќи се на информации од Елисејската палата.
Забележано е дека говорот на претседателот не е планиран.
Во моментов Макрон ги проучува резултатите од парламентарните избори како што се објавени по области, се вели во написот на весникот.
Макрон претходно изјави дека прелиминарните резултати од парламентарните избори во Франција не покажуваат „кој ќе владее“ во земјата.