Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја обвини Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон за експлоатација на децата во рудниците на злато во Африка.

Таа наведе дека емиграцијата на африканското население би престанала доколку земјите како Франција би се откажале од експлоатацијата на луѓето и природните ресурси на тој континент.

Мелони покажаа фотографии од деца кои работат во рудници за злато во Буркина Фасо, држава која некогаш беше под контрола на Париз, и истакна дека тоа злато главно завршува во Франција.

– Буркина Фасо е една од најсиромашните држави во светот. Франција печати колонијални пари за Буркина Фасо која има злато, а за возврат од неа бара 50 отсто од сè што ќе извезе да му предаде на француското Министерство за финансии, рече Мелони.

Иако Буркина Фасо е независна од 1960 година, Мелони истакна дека Франција и понатаму има голема власт над некогашната колонија.

– Не е решение Африканците да ги доведеме во Европа. Решението е Африка да се ослободи од Европејците кои ја експлоатираат и на овие луѓе да им се дозволи да живеат од она што го имаат, порача премиерката на Италија.

Во извештајот на Обединетите нации од 2016 година се наведува дека од 3.000 луѓе кои работат во рудниците во Буркина Фасо, третина се деца.

Видеото може да го отворите ТУКА.