Тимот на Мерцедес имаше промоција на својот нов болид „W10“ кој ќе се користи во претстојната сезона. Дизајнерот на германскиот Ф1 гигант не направи радикална промена што се однесува до бојата.

Мерцедес е шампион во првенствата во Формула 1 од 2014 година наваму.

Во тимот се оптимисти дека годинава ќе дојдат до петтата титула во низа во конкуренција на конструктори.

За Мерцедес оваа сезона ќе возат актуелниот шампион Луис Хамилтон и Валтери Ботас.