Германскиот произведувач на автомобили „Дајмлер” треба да повлече 774 000 автомобили „Мерцедес” во Европа, нареди германскиот министер за транспорт Андреас Шојер, соопштија светските агенции.


Причината за мерката е неовластен софтвер, манипулирање со емисиите на штетни гасови. Компанијата мајка на „Мерцедес” до овој момент не беше вовлечена во аферата „Дизелгејт“, но од пред две недели е под истрага од германските власти.

Меѓу најзасегнатите модели се комбиња „Мерцедес Вито” и  автомобили ГЛЦ-класа. Само во Германија ќе бидат повлечени 238 000 автомобили.

Претходно денеска беше соопштено дека германската обвинителство ја проширило истрагата за измама со штетни емисии во Ауди” со вклучување на главниот извршен директор Руперт Штадлер меѓу осомничените.