За прв пат Париз е пред Лондон како најатрактивен европски град за бизнис инвестиции, се наведува во истражувањето на компанијата ЕУ.

ЕУ анкетираше панел од 502 меѓународни фирми кои заклучија дека Париз го ставаат пред Лондон за инвестирање.

Ова доаѓа откако севкупно Франицја стана поатрактивна за странси инвестиции во 2017 година, делумно благодарение на економските рефроми на претседателот Емануел Макрон, се наведува во истиот извештај објаевн денес, а пренесен од повеќе француски медиуми.

Во 2017 година беа почнати повеќе од 1000 бизнис проекти, како што се проширување на инфраструктура, изградба ма индустриски зони, истражувачки центри. Тоа е зголемување за 31 процнети споредено со 2016. Франција, инаку, за такви проекти ена трето место во Европа, зад Велика Британија и Германија.

Како и да е, кога се зборува за креирање нови работни места, Франција со такви проекти е рангирана на четврто место, зад Велика Британија, Германија и Русија.