Претседателот на САД, Доналд Трамп се изјасни против изградбата на Северен поток 2 од Русија до Германија преку Балтичкото море. Тој буквално и се закани на германската канцеларка Ангела Меркел, дека ако не се откаже од проектот, САД ќе започнат трговска војна со ЕУ.

„Изнудување“, така во германските медиуми утрово е наречено барањето на Трамп . Тој посочил дека ова е клучното барање на САД, покрај барањето да се намали трговскиот дефицит од 151 милијарда долари што САД го имале лани со ЕУ, ако Унијата сака да избегне трговска војна.

Инаку, денеска Меркел во Сочи ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Се очекува да разговараат за ситуацијата во Украина и Иран, но последниот ултиматум на САД може да ги измести разговорите и главна тема да биде гасоводот.