Канцеларката Ангела Меркел денеска изјави дека територијалниот интегритет на државите на Западен Балкан е „неприкосновен“ , со што, како што е наведено на интернет страницата на германската влада, таа ги отфрли сите настојувања границите, подвлечени по војните на Балканот, да се ревидираат.
Таа тоа го рекла по состанокот со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
-Тоа не можеме да го направиме, рекла канцеларката Меркел.
Таа ја потврди поддршката на Германија за европската перспектива на земјите на Западен Балкан.