Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне ќе допатува во Белград, каде ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре освен со албанскиот премиер ќе се сретне и со премиерите на Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.
Во Белград, Меркел ќе има повеќе средби на кои се очекува да стане збор за билатералните односи и Берлинскиот процес, посебно за иницијативата Отворен Балкан. Исто така се очекува да стане збор и за дијалогот Белград-Приштина и ситуацијата во БиХ, посебно по именувањето на Кристијан Шмит за нов висок претставник на меѓународната заедница.