Автобусот со играчите на Барселона синоќа по поразот (0:4) од Ливерпул во вториот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите (0: 4) замина на аеродромот без напаѓачот Лионел Меси, објави „Метро“.

Аргентинецот мораше да остане на „Енфилд“ затоа што беше избран да оди на тест за допинг. Постапката траеше подолго време, така што беше одлучено да не се чека Меси.

Кога играчот заврши со тестот, беше однесен индивидуално до аеродромот. Поминувајќи во „микс“ зоната, Меси не застана да даде изјава за новинарите.