Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси, се скара со соиграчот Мауро Икарди. „Мирор“ објави дека Аргентинецот побарал од раководството на парискиот клуб да го продаде својот сонародник.
Наводно, Меси очекува ПСЖ да се договори со Барселона за размена за Серхио Агуеро.
За потсетување, минатото лето Агуеро се пресели во Барселона, но не заигра со Меси бидејќи му истече договорот и се пресели во Париз.
Оваа сезона Серхио го одигра својот деби натпревар за Каталонците на 17 октомври. Икарди сезонава постигна три гола на 11 натпревари за парискиот клуб.