На страна од кафулињата и клубовите, во Скопје може да најдете место каде ќе се забавувате на малку поразличен начин. Тука буквално ќе влезете во филм, ќе излезете од вашето секојдневие и ќе доживеете нешто што е ново за вас и вашите пријатели. Станува збор за концепт на игра кој е распространет насекаде низ светот, наречен Escape Room. Escape собите се ултра-популарни во сите поголеми светски градови. Тие се место каде сите зависници од адреналин, гејмери, логичари и луѓе кои уживаат во алтернативната забава се чести посетители.

Сега можете и вие да имате едно вакво поинакво искуство благодарение на The Cube Escape Room. The Cube располагаат со 4 соби со различни теми, некои од нив инспирирани од најдобрите блокбастери. Во зависност од тоа дали сте љубители на хорор филмовите, можете да играте во собите Saw и Evil Mansion, ако сакате авантура можете да ја играте собата Indiana Jones или пак да ги развивате вашите детективски способности во собата Dexter. За која и соба да се одлучите нема да погрешите. Забавата е загарантирана, а искуството ново и возбудливо. Се што треба да направите е да го соберете вашиот најдобар тим од 2 до 6 луѓе и може да започнете со игра.

Собите Saw и Indiana Jones се наоѓаат на една локација, позади Ли кафичот на Млечен, додека собите Dexter и Evil Mansion се наоѓаат позади Универзална Сала кај ресторанот Бравос.

Доколку сѐ уште не ви е јасно за што станува збор, можете да го погледнете информативното видео во продолжение:

Што е Escape Room?!

➡Што е Escape Room?
Ако не знаевте што е тоа Escape Room, погледнете го ова видео и информирајте се!😎🧐😮
✔Сега повеќе нема да имате причина да го одложувате овој час неверојатна, адреналинска забава за вас и вашите пријатели.

Posted by The CUBE – Escape Room on Wednesday, 12 June 2019

Резервирајте го вашиот термин тука.

Селедете не на:

/ thecubeescaperoom

/ thecube_escaperoom