По повод Светскиот ден на слободата на медумите албанскиот претседател Илир Мета акцент става на сосотојбата во земјата при што оценува дека „денес медиумите се делумно слободни“.
– Светскиот ден на слободата на медумите денес Албанија ја наоѓа рангирана меѓу земјите со делумна слобода на медиумите. Длабоката загриженост наведена во неодамнешните извештаи на „Фридом хаус“ и „Репортери без граници“, за жал, продолжува и понатму да се игнорира. Нашите медиуми денес, и според овие организации, се помалку слободни и независни, погодени се од агресивна и заканувачка реторика, случаите на насилство врз новинарите стануваат чести а обидите за користење јавни средства за контрола на слободата на говорот се аларманти, оценува Мета.
Посочува дека оваа ситуација мора да заврши, бидејќи слободните медиуми играат клучна улога во обезбедувањето отчетност и добро владеење.
Според него, треба да се прекине практиката на негирање на правото на новинарите директно да ја следат активноста на јавните авторитети, бидејќи „секој удар на медиумската институција е напад врз демократијата“.
Давајќи им силна поддршка на новинарите, тој ги повикува да ја извршуваат својата должност со посветеност и да го осудат секој случај на уцена и закана.
– Почитувани новинари кои сте одлучиле да не ја предавате својата професија и вашата мисија, јас сум блиску до Вас и Вашата пожртвуваност за да го заштитите вашето достоинство и слобода на говорот. Ќе победите бидејќи Албанците не можат да се вратат 30 години назад за да го следат Гласот на Америка или Дојче веле за да разберат што се случува во нивната татковина, напиша Мета на својата официјална веб страница.