Мухамед е најпопуларното име за машки новороденчиња во Берлин минатата 2018 година, објавува Дејли Мејл.

Асоцијацијата за германски јазик открива дека името Мухамед е беше меѓу десетте најпознати имиња во шест од вкупно 16 германски сојузни покраини. Гледајќи ја Германија како целина, името Мухамед е на 24 место броејќи ги и варијациите на името како и средните имиња. Досега во Берлин најпознати имиња беа Емил и Луис, а Мухамед од шестото место се искачи на првото.

Директорката на Асоцијацијата за германски јазик смета дека порастот на популарноста на името Мухамед се должи на имиграцискиот бран. Повеќе од еден милион мигранти од Блискиот исток и северниот дел на Африка влегоа во Германија откако во 2015 година канцеларката Ангела Меркел ги отвори вратите за мигрантите.

Низ целата Германија, Ема е најпопуларното име кај девојчињата, а Бен е најпопуларното машко име. Пол, Леон, Ное и Луис се следните на листата на најпопуларни машки имиња, а кај девојчињата следни се Хана, Миа, Софија и Емилија.

Лингвистите велат дека во североисточниот дел на Германија родителите повеќе ги користат старите германски имиња како што се Матилда, Фрида, Ида и Грета кај девојчињата или Карл, Оскар, Антон, Јакоб и Тео кај момчињата.

Во оваа студија забележани се повеќе од 65 илјади различни имиња.