Во врска со протестот што ќе го организира на 2 март, албанскиот претседател, Илир Мета, го наведува примерот на неговиот романски колега, Клаус Јоханис, кој „пред три години се приклучи на граѓанските протести за одбрана на владеењето на правото“.

„Се сеќавам дека пред само три години, пријателскиот романски претседател, земја членка на НАТО и на Европската унија, излезе да протестира во одбрана на владеењето на правото и против насилството врз Уставот од мнозинството и целосно уставниот парламент. Романскиот претседател се приклучи на големите народни протести против корупцијата, самоволието, нејасни одлуки, мафијашки измени на законската регулатива од страна на легитимни пратеници, но во отворен судир на интереси, како и чистење на политиката од криминалци, напиша Мета на Фејсбук.

Шефот на албанската држава го дава овој пример, за да покаже дека дури и Претседателот може да протестира против лошото владеење. Во Албанија, пишува Мета, ситуацијата е толку тешка што претседателот и граѓаните треба да протестираат секој ден.

„Нема земја во Европа без Уставен суд и без Врховен суд веќе две години. Нема земја во Европа каде што една рака, донесува анти-уставен закон по закон, ги пополнува државните канцеларии со шверцери и криминалци и формира мафијашка ќелија на чело на Министерството за правда, со цел да ја зграпчи и правдата. Не постои земја членка на НАТО, каде секојдневно корупцијата ја уништува економијата, каде недостига одговорност на сите нивоа и го уништува балансот на моќ. Ако во Романија претседателот и народот беа принудени да протестираат против ни малку нормална ситуација, во Албанија ситуацијата е многупати полоша, поради што претседателот заедно со народот треба да излегува на плоштад секој ден “, пишува Мета.

Тој уште еднаш ги повика Албанците да се приклучат на протестот на 2 март.

„Затоа, за секој што го заборавил или не сака да се сеќава на случајот со Романија, го потсетувам и повторно ги повикувам Албанците на 2 март на Булеварот „Народни херои“ на сенационалната манифестација, никогаш досега не видена во Албанија, против државниот удар. Албанците обединети против откриените Пучисти!“, наведува Мета во објавата на Фејсбук.

Инаку, кога зборува за земја без Уставен суд, Илр Мета ја заборава Макеоднија како земја во која Уставниот суд престана да постои оној момент кога му беше наредено да не го поништува Законот за СЈО, кога го одобри поништувањето на актот за  распуштање на Собранието и закажаните избори за април 2016 г. итн. Врховниот суд пак на еден или на друга начин функционираше до доаѓањето на власт на Зоран Заев, а деновве бевме сведоци на снимка во која тој признава дека си нарачувал пресуди од судот. Така што, Албанија не е сама.