Во процедуралната забелешка до претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека спикерот го прекршил и Уставот и законите дозволувајќи во работата на 36.седница да присуствуваат и пратеници позитивни на ковид-19. „Со две маски сум, сега здравјето и на моето семејство е загрозено“, рече Мицевски.
-Деловникот, правилникот на Собранието или друг документ не може да биде над Уставот и законите и вие со непознаваање на правото правите кривично дело. Кривично дело прави и полицијата која дозволи влез на позитивни на ковид-19 пратеници. Еве јас сум со две маски на лицето зашто тука во парланентот се шетаат болни пратеници, морам да мислам и на моето семејство. Праќате порака до граѓаните дека смее да се крши Уставот и законот. Имавте доволно пратеници за кворум, не требаше да повикувате да присуствуваат и болни пратеници“, му рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на спикерот Џафери заради присутвото на двајца пратеници позитивни на САРС КОВ 2.
Џафери му одговори на Мицевски дека Собранието работи според здравствен протокол донесен од надлежна државна институција.