Димитар Апасиев иако бараше процедурално пред гласањето на законите од 32-рата седница, сепак, доби после гласањето.

„Претседателе, барав 20 пати процедурално, не ми дозволивте, иако требаше. Досега правевте театар од Собранието, а денеска правите кривично дело.

Се предвидува изолација, карантин за секој кој е заболен од карантин. Членот во законот вели: лицата кои се заразени и кои се сомнева дека биле во контакт, се предвидува карантин во домашни услови или во здравствена установа. Денеска имаме двајца пратеници кои се донесени спротивно од членот 11 од оваа одлука.

Ова е кривично дело, за кое не им важи имунитетот. И како што е познато Заев ги пушта низ вода неговите слуги. Не би сакал никој да биде во кожата на овие двајца пратеници кога ќе падне овој режим, затоа што први ќе одат во затвор“, рече Апасиев.

Потоа му се обрати на Џафери:

„ Вие претседателе го доведовте Собранието да треба да плати казна. Тој што со кршење на прописи или наредби со кој надлежен орган присилува вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест, ќе се казни со парична казна и затвор од три години. Затоа претседателе, секој треба да ги почитува Уставот и Законите, вие дозволивте едно цело собрание да оди во карантин. Не знам дали ова е планот што го кажавте пред некое време.“, рече Апасиев.

Инаку Апасиев додека се гласаа законите, стоеше пред Џафери и мафташе со Уставот, алудирајќи дека не се почитува истиот.