Координаторот на опозициската пратеничка група пресметал дека овој владин кабинет само осум пати одговарал на прашања од пратениците, во периодот од 17 месеци откако беше избран во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ја критикуваше денеска во парламентот Владата во оставка, оценувајќи дека во нејзиното 17-месечното постоење се одржани само осум седници за пратенички прашања. Мицевски упати прашање до Собранието:

– Зошто оваа Влада покрај сите препрепреки, како што е недозволување да се разгледаат интерпелациите поднесени од опозицијата, кои никогаш не дојдоа на ред за дискусија, барањето за анкетна комисија за тетовската ковид-болница, не ги повикува министрите за да им ги поставиме прашањата за изминатиот период и за тоа што е направено, а се должни да им го кажат на пратениците како пратенички прашања. Ова е скандал, што тие не присуствуваат на пратенички прашања, а ќе има други седници на Собранието, рече Мицевски.