Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара за идентитетот, ако Бугарија продолжи со своите барања, треба напуштање на овој Договор на Зоран Заев и ќе бараме нов договор“.
Мицкоски кажа дека за отприлика една година следи Конгрес на партијата и ако и по Конгресот ситуацијата излезе ваква ќе се побара јасна декларација.
– Ќе излезам и ќе побарам јасна декларација дека никогаш нема да преговараме за посебноста на македонскиот јазик, идентитет, историја. А доколку продолжи соседна Бугарија да инсистира на истото, за нас Договорот со Бугарија ќе биде мртов. Еден договор, ваков договор треба да нуди иднина, а не минато. Овој Договор со Бугарија не нуди иднина, рече Мицкоски заклучувајќи дека доколку продолжат барања од Бугарија кон Македонија, во тој случај ќе треба да се оди на нов договор.
Мицкоски додаде дека Заев наместо да се консултира со опозицијата, како Талибанец се дрзнува да менува историски табли.
– Ако не прашаше Заев нас дали имаме проблем, да имаме проблем ќе речев. И он потоа нека процени дали треба или не треба да менува табли, рече Мицкоски.
Истовремено запраша зошто обвинувањето е на опозицијата, и зошто токму тој го дели народот. Бидејќи ја говори вистината на граѓаните.
– А, зошто јас ја зборувам вистината? Затоа што постои мировен договор и тоа сум го коментирал. Во 1947 година потпишан, депониран во ОН каде што тие Бугари тогашни кои што го потпишале тој договор велат во тој договор дека окупирале територии од поранешна Кралска Југославија во која што спаѓа и денешната географска територија на нашата Македонија и за тоа треба да исплатат определени репарации. И дека биле, уште во преамбулата стои на тој договор биле соработници со нацистичка Германија предводена од Хитлер. И сега јас, кој што ја говори вистината делам, а овој кој што сака да наметне лага и како Талибанец да врши ретуширање на историјата без притоа да се консултира со никој не ја дели нацијата и говори вистина, рече Мицкоски.