Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Денешната изјава на Заев за прочистување на судството, отчет на обвинителството заслужува коментар кој ќе ја прикаже вистинската слика на оваа Влада.

Сваровски судството и трас-трас обвинителството станаа главен сојузник на Заев и СДСМ, чистејќи му го криминалот изминативе 3 години. И после 3 години откако му го исчистија целиот криминал за кој што имаше и јавни докази, сега лажат дека ќе прават повторно прочистување, што уште еднаш покажува дека намерите се само уште повеќе да се стават под контрола судиите и обвинителите.

Најпрвин, ова е груба лага од страна на Владата на Заев дека ќе ги решат проблемите во судството и обвинителството. Имаа 3 години да направат прочистување на судството и обвинителството, велеа дека ќе ги разрешат сите судии, ќе прават ветинг, ќе реформираат, напротив, ништо од тоа не направија. Наместо тоа ниту еден судија не е разрешен, оние кои што го штитеа криминалот се унапредуваат како примерот со Кацарска, а реформите кои ги почна и самиот Заев како прв човек на телото за реформи во правосудството не направи ама баш ништо.

Денешната изјава на Заев е само заплашување и уцена до судиите и обвинителите да бидат уште посервилни кон Владата и да го штитат криминалот на Заев и на тие околу него. Ниту некој од Владата има намера да ги реши проблемите, ниту пак ќе ги реши. Единствено ги интересира заштитата на нивниот криминал.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ