МИЦКОСКИ: Али Ахмети од неговите хациенди во Зајас раскажува басни за 2001-ва, дезертерот Ковачевски слуша, а народ гладува

/ 28.01.2023

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографија на која се гледа самиот тој облечен во војничка униформа, а со која алудира на тоа дека во конфликтот во 2001 се пријавил како доброволец.

Ова Мицкоски го направи како одговор на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој синоќа во Тетово рече дека лидерот на најголемата опозициска партија, конфликтот во 2001 го гледал на телевизија.

Мицкоски додаде дека сега Ахмети живее во хациенди во Зајас, додека неговиот колаиционен партнер Димитар Ковачевски од СДСМ „бил дезертер“, алудирајќи на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ дека премиерот се пријавил како неспособен да служи војска.

„Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст.
П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…, пишува Мицкоски на Фејсбук.


Од истата категорија